Hemisko Cistenje Skopje - Длабинско Чистење на Мебел

Професионална компанија за длабинско чистење на мебел и секаков вид на тапаџиран материјал. Вршиме чистење на секаков вид на мебел и теписони.

Hemisko Cistenje Skopje - Каде што чистотата се среќава со удобноста

НАЈБАРАНИ УСЛУГИ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ

Аголна Гарнитура

3500 ден

Цената може да варира во зависност од големината и состојбата.

Брачен Душек

1800 ден

Цената може да варира во зависност од големината и состојбата.

Теписони

150 - 250 ден / м2

Цената може да варира во зависност од големината и состојбата.

Погледнето го комплетниот Ценовник за Хемиско Чистење на Мебел и Теписони.

Hemisko Cistenje Skopje

Вашето време за вас, чистотата од нас.

Hemisko Cistenje Skopje - Квалитет на прво место

Барате услуга што ќе го освежи домот или деловниот простор, без импровизации и без површно протрчување? Ние нудиме професионални услуги за хемиско чистење во Скопје со јасен процес, квалитетна опрема и средства, и резултат што се гледа уште по првото сушење.

 

Фокусираме три клучни услуги што најчесто прават најголема разлика во изгледот и хигиената на просторот: хемиско чистење на мебел, чистење теписони/теписи и чистење канцеларии и објекти со голем промет (ресторани, хотели и други угостителски објекти). 

Наши главни услуги

Хемиско Чистење Мебел

Професионално длабинско чистење на секаков вид на мебел.

Почнувајќи од 800 мкд

Хемиско Чистење Теписи

Професионално длабинско чистење на секаков вид на теписи и теписони.

Почнувајќи од 150 мкд

Чистење на Канцеларии

Професионално чистење на секаков вид канцеларии, столови, фотелји.

Почнувајќи од 300 мкд

Подетално околу тоа што чистиме !

  • Хемиско чистење на мебел: гарнитури, фотелји, трпезариски и канцелариски столчиња, клупи и тапацирани панели.

  • Чистење теписони и теписи со Rotowash машина – длабинско чистење со ротирачки четки, наменето за текстилни подови и прометни зони. 
  • Чистење канцеларии: освежување на столици, теписони и прометни делови, по договор и во термини што не го прекинуваат работењето. 
  • Чистење ресторани, хотели и угостителски објекти: столици, клупи, теписони во сали/ходници, лобија и соби. 
  • Дополнително чистиме и тврди површини (по проценка и договор): плочки, одредени видови PVC/линолеум, камени подови и други прометни подови.

За најдобри резултати, вашиот простор, мебел и теписони треба да бидат претходно исчистени со правосмукалка и подготвени за хемиско чистење. Останатото препуштете ни го на нас. Вашиот простор повторно ке заблеска.

Зошто професионално хемиско чистење прави разлика?

Со секојдневно користење, мебелот и теписоните акумулираат прашина, ситни честички, масти од кожа, траги од обувки, мириси од кујна или цигари и дамки од пијалоци/храна. Обичното бришење или правосмукалкање помага, но најчесто ја отстранува само површинската нечистотија.


Професионалното хемиско чистење се разликува затоа што работи длабински: ја активира нечистотијата од влакната, ја разградува маснотијата и ја извлекува од материјалот со контролирана техника.

Резултатот е видливо посвеж изглед, подобра хигиена и помалку непријатни мириси.
Особено за деловни простори, чистиот мебел и чистите подови се дел од впечатокот. Во канцеларија тоа значи попријатна работа и подобар фокус, а во ресторан/хотел – подобри оценки и доверба кај гостите.

Hemisko Cistenje Mebel

Враќаме живот во вашиот Дом!

Hemisko Cistenje na Mebel

Хемиско чистење на мебел е една од најисплатливите услуги кога сакате голема промена без купување нов мебел. Со правилна техника може значително да се подобри изгледот на гарнитурата, да се освежи текстилот и да се намали „наталожениот“ мирис.

 

Работиме со професионални машини на Würth и користиме квалитетни средства од Kärcher, наменети за чистење на тапацир. Комбинацијата од професионална опрема и соодветно средство е клучна за безбедно чистење, добар ефект и рамномерен резултат.


Што најчесто чистиме
:

 

  • Аголни и прави гарнитури (тросед/двосед), со или без перници. 
  • Фотелји, табуретки и тапацирани клупи (домови, ресторани, лобија). 
  • Трпезариски столчиња и канцелариски столчиња (текстил/еко-кожа каде што е соодветно). 
  • Тапацирани панели, тапацир на ѕидни клупи и слични текстилни елементи. 
  • По договор: освежување и чистење на душеци (во зависност од материјалот и состојбата). 

Како работиме (краток процес):

 

  • Проценка на материјалот и дамките (по потреба правиме тест на помалку видливо место). 
  • Суво извлекување на прашина и ситни честички – важен чекор за да не се „размачка“ нечистотијата. 
  • Нанесување професионално средство Kärcher, според типот на ткаенината и видот на нечистотијата. 
  • Активирање на нечистотијата со соодветна техника, за да се подигне од влакната. 
  • Екстракција/извлекување со Würth опрема – се извлекува растворот заедно со нечистотијата, за длабински резултат. 
  • Финална проверка, локален третман ако е потребно и насоки за сушење/проветрување. 

Совет: ако имате конкретна дамка (кафе, вино, маст, чоколадо), кажете ни што е – така полесно избираме правилен третман и очекувања.

Cistenje Tepisi so Rotowash

Кога подот е теписон или тепих, нечистотијата се „влече“ меѓу влакната и со време се таложи во длабочина. Редовното правосмукалкање е корисно, но во прометни простории честопати не е доволно за да се врати свежиот изглед.

 

Затоа користиме Rotowash – професионална машина специјализирана за чистење на текстилни подови, теписони и различни типови подни површини. Главната предност е што чистењето не е само „перење“, туку комбинација од механичко четкање и длабинско извлекување на нечистотијата.

 

Како функционира Rotowash (кратко објаснување): 

  • Машината работи со ротирачки цилиндрични четки (ротирачко дејство) кои ги „чешлаат“ влакната и ја подигаат нечистотијата од структурата. 
  • Ротирачките четки овозможуваат рамномерна обработка на површината, што е важно за да нема „пруги“ или нерамномерен резултат. 
  • Со контролирано чистење, нечистотијата се одделува од влакната и се собира/отстранува во текот на работата, што дава темелно освежување. 
  • Овој пристап е одличен за прометни зони (ходници, рецепции, сали), каде теписонот најбрзо губи боја и свежина.
Rotowash Carpet Cleaner

Процес на чистење теписони (стандардно): 

  • Кратка проценка на материјалот и најпрометните делови. 
  • Подготовка на просторот и основно отстранување на поголеми нечистотии. 
  • Длабинско чистење со Rotowash: ротирачките четки ја обработуваат површината систематски, дел по дел. 
  • Локален третман на дамки (кога е возможно и безбедно за материјалот). 
  • Финален преглед и препораки за проветрување/сушење. 

Дополнително: по проценка и договор, Rotowash може да се користи и за одредени тврди површини (плочки, PVC/линолеум и сл.), особено во прометни зони каде е потребно механичко четкање за подобар ефект.

Што Кажаа Нашите Клиенти

Perenje Tepisi

Го враќаме сјајот на вашиот под.

Cistenje Kancelarii - Чист простор, Чиста средина

Чистата канцеларија е повеќе од естетика – таа влијае на комфор, продуктивност и професионален впечаток. Во отворени канцеларии, call-центри и компании со многу посетители, столчињата и теписоните брзо акумулираат прашина и дамки.

Нудиме cistenje kancelarii со фокус на текстилните и најкористените површини: хемиско чистење на канцелариски столчиња, длабинско чистење на теписони/теписи и освежување на прометни зони.

За да не го прекинуваме работењето, по договор можеме да работиме по работно време, пред почеток на смена или за време на викенд. За поголеми простори, се организираме сектор по сектор – практично и без хаос.

Најчесто опфаќаме

  • Канцелариски столчиња (седишта и потпирачи) – места каде најбрзо се појавуваат потемнувања. 
  • Теписони во работни зони, ходници, влезни делови и сали за состаноци. 
  • Тапацирани клупи или фотелји во чекални и лобија. 
  • По договор: основно освежување на тврди подови во прометни делови.

Ресторани, хотели и угостителски објекти - чист мебел и чисти подови за подобар впечаток 

Во угостителство, првиот впечаток е пресуден. Гостите многу брзо забележуваат дамки на столчиња, потемнети клупи или „сив“ теписон во влезната зона. Редовното одржување е најдобриот начин да се зачува изгледот на објектот и да се одржи високо ниво на хигиена.

Нудиме професионално хемиско чистење за ресторани, кафулиња, хотели и секаков вид угостителски објекти – од мали локали до големи сали. Се фокусираме на столици, клупи, тапацир, теписони во сали, лобија, ходници и соби (по договор).

Работиме организирано и во термини што најмалку ќе влијаат на работата: пред отворање, по затворање, или во денови со помал промет.

Типични ситуации каде најмногу помагаме:

  • Дамки од храна и пијалоци на столчиња и клупи. 
  • Потемнувања и масни траги на наслони, потпирачи и седишта. 
  • Непријатни мириси во текстилни делови (кујна, цигари, влага). 
  • Теписони во прометни зони што изгубиле боја и свежина. 
  • Освежување пред сезона, настан, празници или инспекциски контроли.

Погледнете ги неверојатните слики од пред и потоа во нашата галерија, и уверете се во квалитет на нашата работа.

Cistenje Kancelarii

Враќаме живот во вашиот Простор!

Hemisko Cistenje Skopje

Хемиско Чистење во сите општини на Скопје

Доаѓаме на лице место низ цел Скопје. Работиме во сите општини на градот, без разлика дали се работи за стан, куќа, канцеларија или угостителски објект.


Општини во Скопје што ги покриваме:

Општина Центар 

Општина Карпош 

Општина Аеродром 

Општина Кисела Вода 

Општина Ѓорче Петров 

Општина Чаир 

Општина Бутел 

Општина Гази Баба 

Општина Сарај 

Општина Шуто Оризари

По потреба и по договор, излегуваме и надвор од градот – во скопската околина и други места, особено кога станува збор за поголеми објекти или поголем обем на работа.

Кажете ни локација и што треба да се чисти, па ќе предложиме најдобра организација.

Побарајте не на Социјалните Мрежи

Што добивате со нашата услуга?

Кога ќе изберете професионално хемиско чистење во Скопје, најважно е да знаете што точно добивате – и како ќе изгледа резултатот. Ние работиме со фокус на чистота, уредност и реални очекувања.

 

  • Професионална опрема за тапацир: Würth машини + соодветни Kärcher средства за чистење на мебел. 
  • Професионално чистење на теписони со Rotowash – ротирачки четки за длабинско освежување на текстилни подови. 
  • Јасен процес и внимателен пристап според материјалот (без непотребно натопување и без агресивни импровизации). 
  • Можност за работа во термини што ви одговараат (особено за канцеларии и угостителски објекти). 
  • Подобра хигиена, посвеж мирис и видливо подобрен изглед на мебелот и подовите.

Колку често се препорачува хемиско чистење?

Фреквенцијата на хемиско чистење зависи од интензитетот на користење на просторот, но следниве насоки се добар ориентир за да го одржите просторот постојано свеж, уреден и хигиенски чист.

 

Препорачани интервали на чистење:

 

  • Дом (стан / куќа): Гарнитури, столчиња и теписони се препорачува да се чистат на секои 6–12 месеци, а почесто доколку има деца или миленици.
  • Канцеларија: Теписоните и подовите во прометни зони се чистат на 3–6 месеци, додека столчињата на 6–12 месеци.
  • Ресторан / кафуле: Столиците, клупите и теписоните во салата се препорачува да се чистат на 2–6 месеци, во зависност од прометот.
  • Хотел: Лобијата, ходниците и собите се чистат сезонски или според прометот, со почести интервенции во најкористените зони.

Како да се подготвите пред да дојдеме?

За да завршиме побрзо и поефикасно, доволно е да направите неколку мали подготовки:

 

  • Тргнете ситни предмети од мебелот (перници, декорации, играчки, далечински).

  • Ослободете пристап до површината што се чисти (поместете лесни масички ако е можно).

  • Ако има дамка, кажете ни што е и колку долго стои.

  • Обезбедете проветрување (отворен прозорец или вентилација), особено по чистењето. 

Побарајте понуда и закажете термин

Доколку ви треба hemisko cistenje на мебел или теписи со професионален пристап, јавете се или испратете порака. За најточна понуда, најмногу помага кога ќе добиеме фотографии и краток опис.

 

Испратете ни ги следниве информации:

 

  • Што се чисти: хемиско чистење на мебел / чистење теписони / чистење канцеларии / угостителски објект.
  • Количина или квадратура (приближно): број на столчиња, должина на гарнитура, м2 теписон итн.
  • Локација: општина/населба во Скопје.
  • Дали има специфични дамки или мириси (и од што).
  • Фотографии (1-3 се доволни) – за побрза и попрецизна проценка.
Кога сакате брзо решение и чист резултат, најдобриот чекор е едноставен: побарајте понуда, испратете фотографии и закажете термин. Ќе добиете професионално хемиско чистење на мебел, чистење теписони со Rotowash и организирано чистење канцеларии и угостителски објекти во Скопје

Хемиско Чистење Скопје - Често Поставувани Прашања

Колку чини хемиско чистење на гарнитура?

Цената на една гарнитура со стандардни димензии почнува од 3500ден.

Колку дена однапред треба да закажам?

Во нормални услови закажување два дена однапред е сосема доволно. Додека за време на празници би било убаво да знаеме барем 2-3 дена однапред.

Дали се вадат сите дамки од мебелот?

Во најголем дел - да, но резултатот зависи од типот на дамката, колку е стара, материјалот и дали претходно била третирана со несоодветни средства. Секогаш даваме реална проценка според состојбата.

Колку време се суши мебелот по хемиското чистење?

Времето на сушење зависи од материјалот, температурата и вентилацијата. Најчесто е неколку часа до 24 часа. Со добра вентилација сушењето е побрзо.

Дали чистење теписони со Rotowash е безбедно?

Да, кога се прави правилно и со проценка на материјалот. Rotowash е машина наменета за систематско длабинско чистење со ротирачки четки, особено во прометни зони.

Дали чистите канцеларии после работно време?

Да. За компании и објекти со работно време, најчесто се организираме по работно време, рано наутро или за викенд - според тоа што најмногу ви одговара.

Колку трае едно хемиско чистење на гарнитура?

Зависи од обемот и состојбата. Но, не трае подолго од 2 часа.

Каде се наоѓа вашиот салон?

Се наоѓаме на повеќе локации. Едната се наоѓа во Капиштец на улица Елисије Поповски Марко број 23. Другата адреса се наоѓа во Бардовци ул. 2 Скопје.

Дали одите и надвор од Скопје?

Да, по потреба и по договор, особено за поголеми објекти или поголем обем на работа.

Автор - Тони

Тони е специјалист за хемиско чистење со повеќе од 10 години искуство, фокусиран на длабинско чистење на мебел, автомобилски ентериери и душеци. Познат по своето внимание на детали, тој секојдневно се залага за свежина, хигиена и беспрекорна нега во секој дом и возило. Покрај тоа, Тони се занимава и со хемиско чистење на облека, применувајќи современи техники за заштита и освежување на секое парчe. „Елеганција започнува од чистотата.“

Scroll to Top